Петар Печков
Објавено: вторник, 06 јуни 2023
Во рамките на 60 Рацинови средби, кои годинава се одржуваат од 9 до 15 јуни, има бројни настани. Меѓу нив е и планинарскиот марш во чест на Рацин. Организатор е Здружението на граѓани Зелена сила.
„Предизвик е да се оддолжиме на Рацин. Затоа и овој планинарски марш, на кој освен учесници до Велс има и од Прилеп, Битола, Кичево, но и сите други заинтересирани. Тргнувањето е од кичевското село Извор околу 10 часот за да стигнеме на местото каде е застрелан Рацин околу 14-15 часот.„ - кажа Даниела Јовановиќ од ЗГ Зелена сила.
Тие од Велес тргнуваат недела наутро околу 4,30 ч. со автобус до Извор од каде пеш продолжуваат до Лопушник.
Сабота пак во 6 часот од пред споменикот на Рацин во дворот на Гимназијата тргнуваат учесниците на ултра маратонот , кои ќе трчаат до 13 јуни до Лопушник. Недела пак од 18 часот се атлетските трки на 10 и 5 км по улиците на Велес. Овие анстани се под мотото „Трчаме за Рацин„.
Tweet |