Петар Печков
Објавено: сабота, 05 октомври 2013
,,Ноќите во бел сатен,,, работена по текст на Братислав Димитров а во режија на Ненад Витанов в недела вечер во 20 часот ќе започне новата сезона во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот. Ова хит претстава која имаше голема посетеност и популарност, повеќе од седум месеци не беше на репертоарот, поради повредата на актерот Васил Зафирчев.
Така со неа се отвора новата сезона и велешкиот театар гостува в среда во Куманово на театарскиот фестивал ,,Денови на комедијата,, . Следната претстава која е закажана е комедијата ,,Бетија,, в четврток. На 15-ти и 17-ти се повторно Ноќите во бел сатен а Шашардисани времиња, која исто така седум месеци ја немаше на репертоарот, поради повредата на Зафирчев, е на 16-ти септемвир. Сите почнуваат во 20 часот а цената и натаму е 50 денари.
Tweet |