речник контакт

В недела по деветти пат пливачки маратон на езеро Младост

Годинава новина е трка на деца, на патека од 800 метри и стартот кој е на плажата на хотел Романтик

Петар Печков

В недела на езерото Младост, ќе се одржи „Велешкиот пливачки маратон 2022“, годинава деветти по ред. Тој е четврти, завршен, финален  од Националниот куп во далечинско пливање. На него ќе пливаат рекреативци, пливачи членови на клубови и годинава за прв пат деца.

„Се плива на патека во должина од 1,25 км. Натпреварите се во четири категории, 2,5 км рекреативен  маратон, како и за пливачи членови на клубови на 2,5 км, на 5 и 10 км. Новина е годинава ќе се плива на 800 метри за деца. Досега има 40-тина пријави, меѓу нив и најдобрите македонски маратонци пливачи Александар Ивановски и Евгениј Поп Ацев.  Но пријавите се примат пред почетокот на натпреварот“ - кажа Иле Попов претседател на здружението КЛУБ 28 организатор на спортскиот пливачки маратон.

Наградите за победниците во секоја категорија, во вкупен фонд од илјада евра,  ги обезбеди „Дине отпад“.

Новина е што годинава тој ќе се одвива на плажата пред Хотел Романтик. Пријави имало и на учесници од Бугарија и Косово.

„За безбедноста на учесниците ќе се грижат 20 спасители од ОО на Црвен крст Велес и 30 кајакари од сите кајакарски клубови, како и неколку моторни чамци. Присутна ќе биде и лекарска екипа.  Секој учесник е должен да приложи лекарска пријава дека е здрав. Пред стартот, ќе бидат прегледани и од доктори на лице место“ -  изјави Роберт Папазов од ККК Бабуна.

Васил Велков, претставник на Пливачка Федерација на Македонија, најави дека од следната година овој пливачки маратон ќе биде дел од  Европскиот куп во далечинско пливање на Европската пливачка федерација ЛЕН, во должина до 10 км.

„За овој натпревар обезбедуваме судии и контролори, каде најважна е безбедноста на учесниците. Во однос на временските услови и одржувањето на натпреварот, тоа е одлука која се носи на лице место. Не очекуваме дека ќе биде толку лошо, да не се одржи. Досега во Македонија не се случило тоа“ - кажа Велков.  

По одржувањето на велешкиот маратон, ќе се знае победникот во далечинско пливање во Македонија. Претходните три натпревари се одржаа во Преспа, Крушево, Љубаништа.  

Градоначалникот на Велес го повика велешани недела да дојдат и присуствуваат на маратонот.

„Велешани потврдија изминатите месеци дека се што се прави во областа на културата, спортот, забавата ги зближува луѓето  и затоа нека дојдат недела на нова дружба“ - порача Колев.

За оваа манифестација од општинскиот буџет се издвоени 200 илјади денари. Почетокот на трките е во 9ч. за рекреатвици, во 10 за деца и останати во 11ч. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »