Петар Печков
Објавено: среда, 23 јуни 2021
Второто годинешно авионско третирање против комарци ќе се изврши сабота на 26-ти јуни, во временскиот период од 5 до 8 часот, најавија од Општина Велес.
Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, тоа се одложува за наредниот ден, недела 27 јуни. Првото авионско третирање во Велс година се изврши на 10-ти мај.
„Третманот се врши со средство Ciceron 2.0 ulv, производ од BioGenesis - Белград, Србија кое се разредува со растително масло. Поради тоа потребно е автомобилите да се покријат или измијат после спроведувањето на третирањето “ - соопштија од локалната власт.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар езеро Младост со непосредната околина.
Границата, на третирањето е: езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Tweet |