Петар Печков
Објавено: петок, 15 октомври 2021
Утре, в сабота гласаат болните, немоќните и лицата во изолација поради ковид-19. Во трите Општински изборни комисии Велес, Градско и Чашка вкупно вакви гласачи се 343. Или по општини.
Во ОИК Велес има 159 гласачи, од нив прифатени се 137 лица кои ќе гласат дома како болни и изнемоштени и 22 оти се во изолација поради ковид-19.
Во ОИК Градско има 52 галсачи кои ќе гласат в сабота, прифатени се 49 болни и изнемоштени и три лица кои се во изолација поради ковид-19.
Во Општина Чашка утре ќе гласат 132 лица, има прифатено дури 124 лица кои ќе гласат како болни и изнемоштени и осум кои се во изолација поради ковид-19.
Последниот рок за пријавување за гласање дома, поради состојбата со ковид-19 беше до понеделникот до полноќ. Сите останати кои подоцна беа позитивни на корона вирусот не ќе може да гласат на локалните избори, кои ќе се одржат недела на 17-ти октомври. Во велешко, трите општини заедно Велес, Градско и Чашка, од вторникот до денес, петок има 78 нови случаи со ковид-19.
За разлика од останатите претставници на ОИК, заменикот претседателот на ОИК Лозово, Виолета Спасова Колева не ги даде бараните инфорамции.
Tweet |