Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 април 2010
Како весник произлезен од потребата на независната граѓанска јавност за свој хроничар и дневник и како весник што 14 години ги застапува интересите на граѓанинот, „Дневник“ реши да ја посвети 15-тата година од постоењето за развивање нов граѓански концепт со кој страниците уште повеќе ќе се отворат за читателите. Освен удвојување на просторот за писма и веб - коментари и новите рубрики за контакт со публиката, концептот ќе содржи и директно вклучување на читателите во креирањето на весникот.
Затоа Дневник организира средби со читателите во повеќе градови во земјава, ќе отвориме регионални страници за повеќе простор за темите од сите краишта на Македонија, а ќе формираме и читателски клуб преку кој нашите најверни читатели ќе може со предлози, идеи и желби да учествуваат во работата на весникот.
Дневник ги поканува заинтересираните читатели кои имаат прашања или сакаат да дадат предлог или совет, да повелат на средбите со уредништвото. Во Велес средба со граѓаните е в среда во терминот 18.30-19.30 часот во просториите на општината.
Tweet |