Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 март 2022
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, утре, вторник, 15.03.2022 година и во среда, 16.03.2022 година, во Велес, ќе одржи симулациска вежба за искоренување на болеста Чума кај мали преживари.
Теренскиот дел од вежбата ќе се одржи во среда -16.03.2022 година, во село Сујаклари во Општина Велес, поради што ја известуваме јавноста и локалното население од ова населено место дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности поврзани со симулациската вежба.
Tweet |