Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 мај 2018
Две образовни институции во Велес добија вршители на должност.
За Економското ,,Јовче Тесличков,, за в.д. директор е именувана Оливера Коцевска професор по економски предмети.
Во ОУ Васил Главинов за в.д. директор е именуван Сашко Чоков професор по одделенска настава.
Тие ќе бидат на овие позициии во следниот период од шест месеци до распишувањето и избор на директор по пат на конкурс.
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски чиј избор се директорите, потенцира дека не е во никакво средство со директорката на Економското Оливера Коцевска и нема никаков конфликт на интереси.
Tweet |