Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 февруари 2018
Во првите 100 дена нема ниту една отворена фабрика во Велес, ниту една инвестиција, ниту едно ново отворено работно место. До само пред неколку месеци Велес доживуваше економски бум. Се носеа инвестиции, се отвораа нови работни места, граѓаните го почувствуваа тоа.
Градот никогаш не бил понечист и позагаден од сега. Аерозагадувањето ги достигнува своите рекорди. На секој чекор може да се види ѓубришта и диви депонии. За тоа директно е одговорен Градоначалникот што граѓаните и градот тонат во ѓубре и загадување.
Наместо нови проекти, Коцевски стопираше два крупни капитални проекти. Стопирана е изградбата на затворениот пазар, со што велес ќе добиеше мултифункционален пазар од кој корист ќе имаа граѓаните на велес и околината.
Стопирана изградбата на кружните текови на главната улица Благој Ѓорев и ЕВН со што беше предвидено побезбеден и попроточен сообраќај во Градот. Нема никаква најава за решение на собраќајниот хаос. Со ова се загрозува безбедноста на граѓаните.
За разлика од тоа, велешани до само пред неколку години беа сведоци на реализација на крупни проекти.
За само 100 дена од раководењето на општината од страна на Чадиев и ВМРО-ДПМНЕ реализирани беа 70-тина проекти од сферата на инфраструктурата, културата и спортот - рече на прес конференцијата Каролина Попова, претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.
Одговарајќи на новинарското прашање, дека Коцевски наследил локална валст со неплатени обврски за четиригодишното владеење на претходникот од 2,7 милиони евра, кои според него сериозно го оневозможуваат нормалното работење, Попова рече ,,Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт имаше кредит за МЕАП кој уредно ги исплати,,.
За потсетување ова беше кредит кој го подигна ЈКП Дервен,а Коцевски на заминувањњ во 2009-та кажа дека остава позитива од 6,8 милиони денари.
Tweet |