речник контакт

ВМРО-ДПМНЕ започна со собирање потписи против пописот

Од СДСМ велат дека оваа иницијатива на опзициската партија е за внатре партиска употреба

Петар Печков

ВМРО - ДПМНЕ  денес на пладне започна со  иницијативата за  собирање на потписи, зз поништување на Законот за пописот, кој е изгласана да се спроведе од 1-ви април годинава.   Почетокот беше  во  12:30 часот пред зградата на  театарот ЈХК Џинот.  Со изјава за медиумите пратеникот и претседател на ОК ВМРО - ДПМНЕ Велес, Игор Здравковски, ја образложи оваа иницијатива.  

„Овој Закон е штетен за граѓаните на Македонија и прерасна  во политичка операција, која стана политички договор. Тој нуди штетни решенија, со кои нема да се претстави реалната слика , која треба да ја даде овој Попис. Добиените резултати нема да бидат во согласност со ОН и со Евростат. Со овој изгласан Закон, поединец може да даде податоци за повеќемина кои не се присутни во земјава и да се планира развој со податоци за лица кои и ги нема.  Има врзан потпис предвиден со законот, има лицитација со проценти. Сметаме дека ќе има усогласување околу одредени проценти и пописот ќе биде политика. Пописот нема методологија и затоа е осуден на пропаст“ -рече Здравковски.

Собирањето на потписи за оваа иницијатива неколку дена ќе се одвива на фреквентни места во гардот, по што организаторот ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе продолжи со маалата.

ВМРО-ДПМНЕ, бара пописот да се одложи до април следната година, доколку не може тоа, пописот да биде целосно електронски, а при пописот да се користи и земање на отпечатоци од прстите.

Последниот попис во државата се спроведе во 2002, а обидот за попишување во 2011 пропадна поради политички несогласувања.

ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на месецот поведе иницијатива за собирање 10 илјади потписи за поднесување предлог-закон за поништување на Законот за попис. Претседателот на Собранието Талат Џафери на 9 февруари му ја вратил иницијативата на претседателот на партијата, Мицкоски затоа што во неа не е користено новото уставно име „Република Северна Македонија“ туку старото „Република Македонија“.

Од СДСМ на иницијативата  одговорија дека секој пратеник од било која пратеничка група, до Собранието може да достави предлог текст на Закон.   СДСМ велат дека оваа иницијатива на опзициската партија  е за внатре партиска употреба.


„Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации. По цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинстват“ - велат од СДСМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »