Петар Печков
Објавено: среда, 16 август 2017
На денешната партиска прес конференција, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучил на Централниот комитет да му предложил за кандидат на оваа партија за локалните избори закажани за 15 октомври да биде повторно актуелниот градоначалник Славчо Чадиев.
Изборот на ВМРО-ДПМНЕ за Чадиев за кандидат за локалните избори се темели на ,,професионалните и лични карактеристики на кандидатот, неговата одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја има меѓу граѓаните во општината во коишто живее, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина,,.
Досега друга партија нема истакнато име на кандидат за локалните избори.
На новинарско прашање од пред некој дене, дали ќе се кандидира за втор мандат Чадиев изјави ,,како ќе раши партијата,,. На дополнителното какви се неговиот ставови, не на партијата тој рече ,,така-така,,.
Tweet |