речник контакт

ВМРО-ДПМНЕ со нов состав на Општинскиот комитет за Велес

Новиот состав го сочинуваат граѓани кои доаѓаат од различни урбани заедници, различни профили, граѓани кои се докажани во своите сфери на дејствување -вели претседателот Игор Здравковски

Петар Печков

Почитувани сограѓани, после дадената доверба и мојот реизбор за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, ми припадна честа да формирам нов состав на ОК кој би донел уште една во низата убедливи победи на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град.

Целта на новиот состав на ОК Велес ќе биде како и до сега иста, а тоа значи Велес после претстојните локални избори и нашата победа,  да го развиеме економски, инфраструктурно, да го издигнеме културно, и практично да ги подобриме сите аспекти на живеење со што би ја вратиле довербата на граѓаните во институциите на системот, би овозможиле нова сигурна и стабилна иднина на сите граѓани и идни генерации велешани.

Новиот состав треба да претставува една симбиоза од различни профили, ликови и чинители кои имаат заедничка цел, а преку овој состав верувам дека ќе го постигнеме посакуваниот ефект затоа што сите, без разлика на пол, националност или верска припадност сме засегнати од ова што се случува во градот.

Нашиот град, како и Рапублика Македонија, во последните четири години западнаа во една апатија, безидејност и состојба на криза на идентитетот кај граѓаните спротивно од нивната слободна волја, кои водени од бесмисленоста и немањето визија на властите својот спас го гледаат во другите држави.

Овој тим има за цел првенствено да направи обединување околу прашањето и иднината на Велес, да ги согледа сите аспекти и недостатоци во функционирањето на властите и жестоко да ги критикува, како и да понуди решенија на проблемите, да понуди визија и обединување околу нашиот “ Папок на светот” – градот Велес.

Новиот состав го сочинуваат граѓани кои доаѓаат од различни урбани заедници, различни профили, граѓани кои се докажани во своите сфери на дејствување и граѓани кои се цврсто решени преку обединување да ја постигнат целта и да оствариме победа на наредните избори.

Покрај претседателот Игор Здравковски, потпретседател на ОК Велес е Марко Колев, секретар Александар Каракачанов. Понатаму составот го сочинуваат Ордан Ристовски, Весна Атанасовска, Никола Наков, Нада Трајкова, Невенка Ѓошева, Маја Демирџиева, Менче Андреева, Елизабета Митревска, Бојан Смилевски, Тони Голубовиќ, Горан Стојанов, Томе Јаневски, Даниел Јаневски, Игор Стојанов, Горан Наунчев, Александар Јамалов, Александар Стојановски, Дејан Палашев, Ѓорѓина Ристовска, Снежана Бошевска, Весна Јакимовска, Весна Маркова, Дарко Димитриевски, Васко Гетов, Зоран Јаневски, Зоран Алексов и Благој Папазов.

Настапуваме со проверени кадри кои низ годините носеле многу победи, луѓе кои зрачат со енергија, оптимизам и патриотизам. Во наредниот период ќе ги посетиме сите 18000 семејства во Велес, ќе ги детектираме проблемите и ќе работиме во функција на граѓаните.

Воедно ги повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани кои се чувствуваат изневерени од квислиншките политики и неработењето на локалната и централната власт, да се приклучат во работните тела на партијата и да придонесат за заедничка подобра иднина на сите нас- порача Игор Здравковски, кој неодамна од  партијата доби уште еден мандат за раководи со ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »