Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јуни 2021
Велешкиот пункт за масовна вакцинација, во спортската сала на средното училиште Коле Неделковски, денес и труе ќе работи со зголемено работно време, до 19ч. Причината за тоа е што освен втора вакцина ќе се пушта по едно неделна пауза и прва, како заштита од ковид-19.
„Добиени се термини за два дена, за лица кои ќе примат вакцина„Фајзер“. Продолжува вакцинацијата и со втора доза на лица кои претходно примиле, тие се вакцинираат со „Синофарм“ и со „Фајзер“. Во Уред продолжува вакцинација на лицата над 70 годишна возраст, кои примаат „АстраЗенека“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пунк.
Останува препораката, лицата кои треба да се вакцинираат да ги почитуваат добиените термини, з да не се создаваат редици пред пунктот. Ревакцинацијата во Уред ќе се извршува до 13 јули.
Tweet |