речник контакт

Вакцинација на децата на терен

Недела на имунизација 24-30 април, заради здравјето на децата

Петар Печков

Четиригодишно дете во населба Рамина  беше вакцинирано откако три години не било  никаде во здравствената евиденција. Неговите родители мигрирале на релација Струмица - Велес, го немало  во здравствената документација, тоа беше пронајдено во месноста Рамина  и вакцинирано од МРП.   Екипата на ЈЗУ Медицински центар Велес, пронајде неколку такви деца при денешната проверка на терен. 

Ова дете на три години и  девет месеци возраст претходно има примено  само со две вакцини  БСЖ,  Хепатит Б  и ХИП.  Потоа мајката го нема јавено, го смениле местото на живеење. Можам да го вакцинирам само со оваа МРП за останатите кои ги има прескокнато, за нив е потребен конзилијарен договор   - изјави д-р Живка Тушева.  

Во Светската недела на имунизација, од 24 до 20 април,  освен  редовното вакцинирање, се прави проверка на терен.  Се прави контрола  за деца кои не се јавуваат на редовна имунизација во здравствените пунктови.  
Со проверките се опфатени се и градот и селата , вклучени  се повеќе екипи, вклучувајќи ја и патронажата служба  за да констатираме зошто одредени деца по 2-3 години  не се јавуваат на вакцинирање.  Имаме и едукативни средби со родителите  кои, со  сега присутен тренд на одбивање на вакцинирање, успеваме да ги насочиме да им укажеме дека не е грешката во вакцината. Тие користат грешни медиуми за информирање и едуцирање.  Во поголем број случаи делуваме позитивно врз овие родители, кои потоа признаваат дека имале погрешно мислење.   

Минатата седмица имавме  одлична недела со вакцинирање на МРП во руралните средини, Горно Јаболчиште, Бузалково и Чашка.  За оваа вакцина во последно време толку неправедно се крена бура и лично сум задоволна како минавме.  Имавме висок одѕив во овие населени места  9 од 10, седум од седум деца . Вакцинални џебови   се јавуваат  кога децата се раѓаат надвор до Велес, во други градови или странство.  Тогаш не се пријавуваат кај нас. Затоа пак патронажните сестри буквално со чешлаат теренот  како во градот така и во селата.  Вршат проверка секаде, агитираат и се наоѓаат  вакви деца кои ги нема  во системот  – објасни д-р Тушева.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »