речник контакт

Вакцинацијата на идните првачиња започнува од почетокот на јуни

Децата ќе бидат повикувани со покана за ден и час кога да се јават на систематски преглед

Петар Печков

Вакцинирањето на  идните првачиња започнува од почетокот на јуни и сите 750 деца од велешко, ќе бидат писмено  повикувани за вакцинација. Потоа ќе го добијат и потребниот документ за упис во прво одделение.  Ова го најавија надлежните од Службата за превентивна здравствена заштита  на училишни деца и студенти, при Здравствен дом Велес.

Имаме голем број повици на загрижени родители, како ќе се одвива вакцинирањето но и систематскиот преглед на децата кои од есен треба да тргна на училиште.  Вакцината за МРП (ситна сипаница, заушки и рубеола) е најавено дека ќе ја добиеме до крајот на  месец мај и од први јуни ќе започнеме со вакцинацијата.  Оваа вакцина е задолжителна за идните првачиња.  Гарантираме дека секое идно прваче ќе биде повикано, прегледано, вакцинирано и ќе добие медицинска потврда  дека детето е вакцинирано  и може да се запише во прво одделение на основно училиште. Училиштата ќе ги примаат сите документи, освен оваа потврда, која родителите ќе ја достават дополнително. Имаме план и програма за работа. Не е едноставно 750 деца треба да се прегледаат и  вакцинираат, толку ги има од Велес но и од соседните општини Градско и Чашка. Потребно е да се запази протоколот за работа во овие вонредни услови. Секое идно прваче ќе добие покана за кој ден и кој термин да дојде да се јави на систематски преглед.   Ако е во добра здравствена состојба ќе биде вакциниран - кажа во изјава за ТрМр  д-р Пандели Божиков, началник на службата за превентивна здравствена заштита  на училишни деца и студенти. 

телефон за контакт на родителите  со службата  за вакцинирање е 076/ 427 -068 

фото архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »