речник контакт

Вакцинацијата против ковид-19 во нови простории, но останува во Здравен дом

Новина од денес е што за вакцинација против ковид-19 граѓаните се повикуваат со СМС и тоа лица +65 години, лица со коморбидети кои досега не се вакцинирани

Петар Печков

Oд  денес, четврток вакциналниот пункт во Велeс со нови простории, но останува во Здравен дом.

„Наместо како досега во поранешната ушна амбуланта, тој сега се наоѓа во поранешната очна амбуланта, десетина мeтри пред досегашните просторииѐ“ кажа д-р Марина Тодоровска, координатор за вакцинација против ковид-19 во Велес.

Новина од денес  е што за вакцинација против ковид-19  граѓаните се повикуваат со СМС и тоа лица  +65 години, лица со коморбидети кои досега не се вакцинирани.

Останува можноста за вакцинација без покана. Работното време на пунктот останува од 8 до 14. Можна е и поста во домашни услови за вакцинирање на лицата со попреченост, тешко болните, неподвижните. 

Се аплицира вакцина „Фајзер“, доколку некој сака може и прва доза со „Синовак“ а трета е без исклучок со „Фајзер“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »