Петар Печков
Објавено: петок, 23 јули 2021
Заврши вакцинирањето на пријавените деца од Велес, на возраст од 12 со 17 години.
Во Велес беа пријавени 79, првиот ден во понеделникот имаше термини за 46, а од нив 40 дошле и примиле прва доза „Фајзер“.
Во текот на вчерашниот ден биле обезбедени термини за останатите 33 деца кои се пријавиле преку нивните родители.
Од нив дошле 30 и ја примиле исто така вакцината за заштита од ковид-19. Децата добиле и покана и термин за аплицирање на втора доза, после 21 ден.
Tweet |