речник контакт

Вакцините за грип се потрошија

За две седмици вакцинирани 1,1 илјади велешани

Петар Печков

Годинава рано заврши вакцинацијата за грип. Уште минатиот четврток вакцините со кои располагаше Центарот за јавно здравје –Велес, се потрошиле.    Од таму информираат дека годинава имало голем интерес за вакцинација а една вакцина чинеше 400 денари. 

Имавме 1,1 илјади вакцини кои минатата седмица се потрошија.  Годинава имаше голем интерес  за две седмици процесот на вакцинација заврши. Вакцината штити од три типа на вируси , Х1Н1 познат како свински грип, Х3Н2 –сезонски грип и тип Б, од вируси кои се  на северната  хемисфера. Вакцината е од Холандија. – изјави д-р Билјана Трајкова епидемиолог.  

Просечно по сто велешани секојдневно ја примале вакцината против грипот. Најчесто тоа биле  лица од повозрасната категорија, пензионери, потоа лица  за хронични незаразни  болести како што се дијабет, кардиоваскуларни заболувања,  срцево садовни,пулмонални,  деца кои имаат опструктивна белодробна болест, често кои заболуваат,    лица со намален имунитет, лица кои често  се изложени на контакти со многу други лица и за сите оние кои по своја желба сакаат да превенираат инфекција на грип.

Време на  создавање на имунитетот од примање на вакцина е  околу 15 дена. Во Центарот за јавно здравје и натаму   доаѓаат лица,  пред се повозрасни граѓани кои сакаат да се вакцинираат, но бидејќи таа е потрошена не добија можност. Надлежните информираат дека нема да се порачуваат нови количини на сезонска вакцина за грип, што ќе рече дека вакцинацијата заврши. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »