Петар Печков
Објавено: петок, 29 август 2014
Во вторникот вечер на Базенот Снупи се одржа втората манифестација на пеачи аматери ,, 5 ФМ талент.
Победи седумнаесетгодишнната Валерија Димовска, која во супер финалето се натпејуваше со Димитар Србов. Учесници на завршната манифестација беа и Тони Андреев, Мими Јовановска и Тамара Ангеловска. Победничката доби можност да сними песна на авторот Зоран Алексиќ.
Гостин на финалето беше и учесникот на Х Фактор Меид Хачимовиќ а настапи и групата Ла Манш која ја промовираше нивната нова песна ,,Ту ни љубав не помаже,,.
Фотографиите се на Дино Јанакиев
Tweet |