Петар Печков
Објавено: петок, 28 декември 2007
Видиковецот, клупите, патоказите и целата опрема со која невладината организација „Вила Зора“ сакаше да го развива туризмот во реонот на Пешти и Долна Бабуна се изгорени, демолирани и уништени. Со нив посетителите ќе можеа да ги следат ретките птици, црниот штрк, египетскиот мршојадец, кои го населуваат овој каменит крај, да ги посетуваат пештерите и пештерските цркви кои се реткост. Кога во неделата екологистите отишле да го градат сплавот на реката тие биле шокирани од глетката.
- Се што работевме цела година не постои. Не можевме да веруваме на своите очи дека некој може тоа да го стори. Целиот наш труд е уништен, но не се предаваме ќе почнеме повторно да го градиме - изјави Кире Кочов координатор на проектот „Туристичка промоција на еко туризам на Пешти и Долна Бабуна“.
Штетата се проценува на шест илајди евра или половина ?д целокупниот буџет, кој е финансиран од Глобалниот Еколошки Фонд со седиште во Будимпешта и единствен што тие го одобриле за југоисточна Еуропа. Во проектот се вклучиле и општина Велес, Повардарската Епархија, Заводот за заштита на спомениците, бидејќи истиот овозможува посета на спелеолози, планинари, орнитолози, црковен туризам, детски екскурзии.
Екологистите очекуваат дека со него ќе се ревитализира и од орнитолошки аспект, единствен комплекс Бабуна, Пешти, Тополка, Црн Камен, Макревац кој е признаен од европските стручњаци и прогласен за таков во 1989 година. Овој предел е дом на ретки ендемски птици и цел на проектот е да се зголеми нивниот бројот. За таа цел е изградено хранилиште и неколку пара птици за периодот додека се изведувале работите, се вратиле.
Полицијата е известена за настанот и таа работи на откривање на сторителите. Поради уништувањето на опремата, реализацијата на проектот, кој требаше да заврши по Нова година, е продолжена за неколку месеци.

Tweet |