речник контакт

Вандализам на гробиштата од црквата Св. Спас, сквернавени се повеќе гробни места (фото)

Сопствениците се сомневаат дека сторителите бараат накит од покојните

Петар Печков

Неколку гробишта  во близина на црквата Св. Спас од Велес се сквернавени. Не мало било изненадувањето на блиските од починатите, кога неодамна  дошле и виделе дека  на гробиштата се копало а на некои се фрлени или скршени надгробните плочи.   

„Отидов на гробот од брат ми, на Св. Јован во четвртокот, кога гледам дека гробот од сопругата е ископуван. Земјата беше пресна, за разлика од соседниот гроб на  синот и братот. Се гледа дека била ископана па префрлена и вратена. Не можам да верувам дека некои лица барале нешто. Срамота и болно се мали зборови“ -вели велешанецот кој  доживеал големо разочарување кога во видел сквернавениот гроб.     

Тој прошетал во околината и констатирал дека не е  таков случај само со  гробот од неговата  сопруга. Има уште пет во близина, каде се гледа дека е свежо копано и пребарувано. Има и искршени споменици и дрвени крстови.

„Сите свежо сквернавени гробови се погребани лица под пред 10-тина 15 години. Ако добро се забележи сите се копани до пола, не во долниот дел, или е скршена плочата од гробот  во горниот дел. Тоа јасно кажува дека лицата што го сториле ова, барале накит, бидејќи во тој дел каде се копало,  се рацете на покојните и главата, каде може има прстени или ланчиња“ - вели соговорникот.

За него нема зборови со кои може да се искаже револтот. Верува дека повеќе лица го сториле овој вандалски чин, оти поединец не може сам, сигурно некој чувал и стража. Низ гробишта од црквата Св. Спас минува и локална улица, која е многу фреквентна, за жителите кои живеат во близина.  Од СВР Велес потврдија дека ваков настан е регистриран во полицискиот билтен и дека се работи на негово расчитување.

Пред две години, на почетокот од  месец февруари, по реакциите на граѓаните дека на гробиштата од црквата Св. Спас се вршат кражби и напади врз жени кои се во посета на гробните места, им се одзема накит и злато, во полициска акција беше пукано во полицаец во цивил. Тој беше застрелан со четири куршуми, сторителите беа уапсени и се наоѓаат на одлежување казна затвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »