Петар Печков
Објавено: петок, 19 април 2024
Децата на транзицијата доаѓаат, беше пораката од митингот на Левица одржан во Велес. Не направија полупротекторат, заробена држава, ова е последниот момент кога можеме геополитички да се престроиме.
Лидерот Димитар Апасиев иднината на Македонија ја гледа во т.н. глобален југ, поранешните „неврзани“ преку кои можеме да си го вратиме името. Договорена е промена на Устав во првите 100 дена, без оглед кој ќе биде на власт. Затоа е битно Левица да влезе во парламент со двоцифрен број пратеници за да се спротивстави на таа најава, кажа Апасиев.
„Крајно време е да направиме Македонска платформа и јасно да кажеме не преговараме за унитароста. Нема да дозволиме оџи и попови да ни ја креираат јавната политика и на секое ќоше да никнуваат само цркви и џамии. Не преговараме за идентитетот, не може историски комисии да ни кажуваат дека нашиот јазик постои од 194 и некоја година и дека Гоце Делчев е Бугарин и дека нашите АСНОМ-ски корени всушност не постојат. Овие сијамски близнаци, буржујски партии, СДСМ и ДМПНЕ, предводени од Стево и Гога се антинародни партии. Тоа се бизнис олигархии на милионери, кои немаат никава допирна точка со реалноста“, рече Апасиев.
Тој неговиот настап со заврши читајќи ја поемата „Ќе се вратам“ на велешанецот Ганчо Хаџи Панзов“, кој живеел во маалото каде Апасиев е роден.
Претседателскиот кандидат Биљана Ванковска порача дека не го прифаќа овој систем на економска, политичка, бизнис олигархиска, етничка структура, која решила се да менува за ништо да не смени. Ние не бараме реформа, туку нудиме радикална промена на се постоечко. Не се согласуваме со неправдата која е вградена во законите.
„Како можете да зборувате за социјална држава, за социјална правда, за правата на најсиромашните, угнетените, маргинализираните, а пред вас, во првиот ред да седат олигарси. Тоа се неколку проценти од населението кое го држи националното богатство а сите останати се сиромашни. Да споменам за претседателот Пендровски, кој е врховен командат, тој побегна од соочување. Како таков кукавица бара нов мандат. На МТВ недела ќе има, ќе учествуваме пет кандидати, нема да се појави уште еден, кој си има обезебедено фукнција во Сараево “ – кажа Ванковска.
Носителот на листата за изборната единица 3, Борислав Крмов смета дека во Македонија има пирамидална економија, пирамидални даноци, кои доколку дојдат на власт, тие пирамиди ќе ги завртат на глава. Додаде дека ќе ги оданочат богатите, а ќе ги намалат даноците за сиромашните.
„СДСМ го прифати рамниот данок дело на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот буџет се полни со средства од обичниот граѓанин, додека богаташите, крупниот капитал, кои се нивни лични пријатели се малку оданочени. Граѓаните бараат ред, цврста рака“ порача Крмов.
Tweet |