речник контакт

Ванов прв, Караколев трет во првата трака на ендуро шампионатот

Победа и пораз за ракометарите на ГРК Борец

Петар Печков

Вчера, сабота на патеката близу езеро Младост, се одржа првата трка од годинашниот шампионат на Македонија во ендуро конкуренција. Се возеше во три класи а учествуваа 35 мотористи. Во категоријата Е-1 победи Драган Ванов од МК Мото Велес, додека трет беше исто така велешанецот Виктор Караколев, кој вози за скопски „Ендуро тим Водно“.  Во оваа класа возеа 17 учесници. Во Е-2 победи Марко Златановски од  „Ендуро тим Водно“ со учество на 11 мотористи а во Е-3 најбрз од шест учесници беше    Куштрим Прекороѓа од Косово. Организатор на првата трка од годинашниот шампионат беше КМ Мото Велес.
 
Два натпревари одиграа ракометарите на ГРК Борец изминатите денови, во разигрувањето за опстанок во Прва лига. Во 12-тото коло на домашен терен во салата „Гемиџии“ го победија лидерот РК Преспа 2015 со 24:21 (13:12).Во следното 13-коло, загубија во Скопје до РК Македонија ЃП со 30:29 (15:14). По ова велешани се трети во конкуренција до осум екипи, со група од три екипи кои имаат по 24 бода. Во последното коло, 14-то, четврток, ГРК Борец го пречекува тимот на РК Партизан од Гевгелија, кој има 16 бода и е шести.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »