Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2009
Реката Вардар нив Велес, реките Тополка и Бабуна во долниот тек не се препорачливи за капење, предупредуваат од Заводот за здравствена зашттиа во Велес (ЗЗЗ). Овие водни текови се опасни по здравјето на луѓето, но и стоката и земјоделските пворшини, поради што не треба со нив да се наводнуваат земјоделски површини ниту да се напојуваат животни. Резултатите од квалитетот на водите покажуват присуство на материи опасни по здравјето на велешани.
- Вардар од влезот во Велес до изелезот има присуство на амонијак, нитрити што укажува на органски материи од санитарии. Оваа година го проверуваме и присуството на фосфатите, поради употреба на детергентите, а резултатите покажуваат вредности што укажува дека и нив ги има во повисоки вредности во реките Вардар низ градот, Тополка после Превалец и Бабуна после кланица – велат од ЗЗЗ Велес. Заради отстранување на овие материи надлежните посочуваат дека е потребно да се изградат пречистителни станици на Тополка кај Превалец и кај Горно Јаболчиште. Наодите од водите на езерото Младост покажуваат дека тоа е препорачливо за капење и покрај високата матност, што е резултат на присуство на алгите.

Tweet |