Петар Печков
Објавено: недела, 12 декември 2010
Илјадници кесиња кои се закачени на дрвјата по течението на рекрта оддаваат впечаток на украсени елки за претстојните празници. Донесени дрвја од кои некои луѓеќе се греат цела зима. Таква е сликата по должината на реката Вардар низ велешко, едне недела по минатонеделната поплава.
Жителите кои имаат свои домови по течението на реката Вардар во следните денови очекуваат одговор од надлежните, како можеше да се случи да нема чамци за спасување па мораа кајакарите да ги евакуираат велешани од Речани? Како немаше вреќи со песок па водата навлезе во домовите од централното градско подрачје? Кој требаше да информира дека реката надоаѓа?
Tweet |