речник контакт

Вардар со високо нивно низ Велес, но ќе расте уште

На мостот кај Башино село заглавено стебло од дрво

Петар Печков

Нивото на реката Вардар во центарот на Велес, утрово стигна до 184 цм. што е 74 см повеќе од вчерашните 110цм. Ова се податоци до УХМР за утрово во 7,30ч. Измерени се на мерното место Стар мост. Просекот за месец ноември е 73цм. 

Од хидрологија најавуваат дека нивото ќе се зголемува и во текот на утрешниот ден. Ова се темели на нивото на реката Вардар во Скопје и Тетово, каде утрово се измени повисоки вредности од вчера. Зголемено е нивото и на реката Треска кај Македонски Брод од 34 вчера на 103 утрово а на Пчиња кај Катланово од 77 цм на  140 цм.
 
И нивото на реката Бабуна на мерното место Богомила  е во пораст.  Утрово била 50 цм. а вчера 38 цм. Просекот за овој месец ноември е 14 цм. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »