речник контакт

Вардар летово низ Велес, се поплиток и поплиток

Бабуна месецов има натпросечно ниво, во горниот тек

Петар Печков

После скоро месец дена, УХМР повторно почна да ги соопштува вредностите за нивото на водите од реките во Македонија но и на езерата.

Реката Вардар низ Велес и натаму е со исклучително ниво ниво, утрово -средаа во 7,30 измерени се  20см. Претходните денови беше 18  и 16 см. Просекот за  август е 41 цм или е двојно понизок. Од тоа што е плиток Вардар, под новиот мост повторно се формира остров. 

Нивото на реката Бабуна кај Богомила овој месец е 18 см. што е далеку над просекот за август  кој е 1 см. Или за потсетување претходните години се случуваше во август реката во долниот тек после Војнички мост, да пресушува. 

Во извештајот на УХМР се констатира дека нивото на Дојранско езеро е 89 см под договорен минумум а нивото на Преспанско езеро е 12 см под апсолутниот појавен минимум. Температурата на водите во трите езера, вчера – вторник е 29 степени Дојранско, Преспанско 28 а Охридско -25 степени. Вредностите се измерени во 13,30ч. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »