Петар Печков
Објавено: петок, 01 декември 2017
Нивото на реката Вардар во Велес е високо и таа надоаѓа. Со себе носи дрвја, пластични шишиња и смет. Според Центарот за известување засега е далеку од излевање , а големиот бран кој доаѓа од Тетово бил далеку од Велес и има место и простор да мине а Вардар да не се излее во Велешко.
Следејќи ја состојбата соа реката, која се изела во центарот на Скопје, надлежните од Општина Велес апелираат до граѓаните за внимателност и најава дека презеле мерки реката да не се излее во велешко.
По обилните дождови, Општина Велес ги известува граѓаните дека е подготвена да се справи со ризиците од излевање на реката Вардар во градот и околината. Стручни екипи работат на терен и состојбата се следи континуирано.
Мостот кај Башино Село е посочен како најкритична точка во моментов. Во попладневните часови ангажирана механизација ќе ги чисти носечките столбови од наносите со дрва кои претставуваат закана за статиката на објектот.
Откако ќе се заврши чистењето, машините ќе останат во непосредна близина за да бидат подготвени да интервенираат доколку тоа е потребно.
Состојбата континуирано се следи и од дежурните екипи на противпожарната единица. На секои два часа пожарникарите ќе излегуваат на терен и ќе вршат контроли.
Во меѓувреме ќе се подготвуваат и вреќи со песок кои ќе бидат поставена на места каде има најголем ризик од излевање на Вардар.
Општина Велес апелира до сите граѓани на будност и навремено известување на сите надлежни служби –стои во вонредното соопштение издадено од локалните власти.
Tweet |