речник контакт

Вардар натпросечно висок за декември

Во одредени денови протокот бил двојно повисок од просекот

Петар Печков

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки  работи, за изминатите денови на реката Вардар, во Велес, таа покажува високо ниво за овој период од годинава.

Протокот на вода во 7,30 часот, кога се вршени мерењата за деновите од  11-ти до 17-ти декември   бил над просекот за месец декември, кој изнесува  76,10 метри куби во секунда.  

Највисок или двојно поголем од просекот  бил на 11-ти декември  четврток со  146, за потоа  на 12-ти да има опаѓање на  121,  на 13-ти бил 114, на 14-ти  недела изнесувал  112, ден подоцна на 15-ти  е 107, во вторникот е 107 и во средата на 17-ти е  104 метри кубни во секунда.

Причината за овој невообичаено висок проток  за месец декември се обилните врнежи кои  ја зафатија Македонија токму во овој период од годината.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »