речник контакт

Вардар овој понеделник со висок водостој низ Велес

Рекордно ниво peката имала во четвртокот кога биле измерени 223 цм.

Петар Печков

Поројниот дожд вчера, недела во северозападните краишта на Македонија, придонесе нивото на реката Вардар низ Велес да биде високо. Забележано е заезерување кај Мало мовче. Утрово во 7,30 хидрометорологија измерила безмалку два метри 198 цм на мерното место кај Стар мост.

Највисоко ниво годинава, но и есенските месеци, имало на 12 февруари,  четврток, кога беа измерени 223 цм.  а следниот ден 217 цм. Просекот за месец февруари во Велес е 89 цм.

Нивото на Вардар во Велес се очекува да порасне, оти нивото северно од градот на реката е високо, а и Треска, притока на Вардар има екстремно високо ниво. Исто така и реката Пчиња е со висок водостој. 

И реката Бабуна низ Богомила е се висок водостој. Во неделата била 75цм а денес утрово 48 цм. со тоа што просекот за февруари е 16 цм.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »