Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 декември 2010
Неделната ноќ беше кошмарна и за велешани кои живеат покрај реката Вардар која околу полноќ го достигна максимумот. Населбите Речани и Шорка беа под вода, како и делот околу Автобуската станица и Градскиот пазар, Градскиот парк, Дворови. Поплавени се магацински, деловен и производен простор, како и десетина хектари земјоделска површина. Некои од жителите кои не успале да се извлечат од домовите, останаа заробени во куќите кои се обиколени со вода.
Има многу штета. Вардар брзо надојде бидејќи сметаме дека беа пуштени води од хидроцентралите Матка и Козјак. Незнаевме што да спасуваме попрво и беше доцна – велат велешани кои имаат имот во месноста Речани. Многумина од нив изгубиле живина, свињи, кози, зајаци кои не можеле да ги спасат од водата брзо надоаѓала вода. Водата го уништи родот од зелка, спанаќ, моркови кој бил подготвен за берба.
Tweet |