речник контакт

Вардар пак се излеа во Велес (фото)

Втор пат за две седмици. По вода дел од Шорка, Речани

Петар Печков

Вардар повторно се излеа во велешко, втор пат за  две седмици. Под вода се делови од месноста Шорка и  Речани.  Со чамци се евакуирани неколку семејства од   населбата Шорка  кои живеат во куќи кои се  поплавени.  Дел од  жителите велат дека таму е оставена живина и стока, кокошки и кози за кои на знаат каква судбина имаат.

За 15 дена Вардар два пати се излеа и не поплави. Не знам од каде доаѓа водата, оти еве во Скопје нема проблеми.  Имам засадено млад кромид, не знам што ќе биде од него, комшијата има морков - вели велешанец кој има  бавча во Шорка.

 Под вода се и подрумите на сите  куќи  во близината на реката, во центарот на градот. Поплавен е и дел  од Градскиот парк.Протокот на реката Вардар низ Велес, денес изнесувал 194 м3 во секунда, што  споредбено со вечера било за четвртина повеќе.  

Во месноста Речани под вода се обработливи површини и фолии со раноградинарски култури.   Од надојдената река под закана се повеќе свињарски фарми. Последните мерења околу 17 часот, покажуваат дека нивото на реката  Вардар  го достигнало максимумот и е намалено за 5 цм. во споредба со највисоката кота. Надлежните објаснуваат дека и овој пат причината за надојдениот Вардар е високото ниво  на реката Пчиња.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »