Петар Печков
Објавено: среда, 19 јули 2017
Нивото на реката Вардар во Велес ги руши рекордите. И тоа по низок водостој. Утрово, среда во 7,30 ч. измерени се само 14 см. Ова се вредности кои ги објавува Управата за хидрометеоролошки работи.
За да биде информацијата целосна просекот за седми месец, јули на Вардар низ Велес е 55 цм. Претходните денови нивото беше 15, 16, 18, 20 цм. што е исто така под просечно.
Дождовите кои претходните денови паднаа , но во јужните делови од Македонија, не влијаат на нивото. Така што синоптичарите најавуваат нов топлотен бран и нов сушен период, нивото на реката се очекува да биде и пониско.
Вака ниско ниво не помнат велешани со години наназад, одамна.
Tweet |