Петар Печков
Објавено: недела, 08 февруари 2015
Нивото на реката Вардар опадна во велешко. Тоа според надлежните е пониско за 50 цм. Но и покрај тоа, во делови од населбите Речани и Шорка водата се уште ја има по нивите и бавчите.
Вардар се повлече ама остана водата. Еве ја црпиме со електро мотори да се испумпа. Ја има и по куќите. Лесно надојде, ама тешко оди, да се испразни. Нема каде да ја исфрлам водата, треба кај комшијата - вели велешки бавчованџија.
Слично е и во Речани и Шорка. Овие две населби вчера останаа без електрична енергија. Им била скратена поради опасноста од надојдениот Вардар, биле исклучени од мрежата. Струјата е пуштена денеска околу пладне во 13ч. , немале од саботата вечер од 18 часот.
Мостот на Башино село е пуштен за сообраќај. Нивото на езеро Младост непроменето неколку сантиметри пред истекување.
Tweet |