Петар Печков
Објавено: вторник, 19 мај 2020
Советот за развој на Вардарски плански регион, на петочната седница донел одука да се разреши досегашниот директор Марко Колев а именувал нов. За в.д раководител поставен е Игор Андреев доктор на економски науки, од областа на маркетингот.
Тој е еден од основачите на компанијата „X Фактор Акцелератор“, кој финансира стартап компании со одржлива идеја и бизнис план.
Советот за развој на ВПР кој ја донесе ваквата одука е составен од деветте градоначалници од Повардарјето. Колев на раководната позиција беше поставен во август 2017-та година, со мандат од четири години.
Раководителот на заминување Марко Колев на неговиот фб напиша: Центарот напорно работеше и само во изминатата 2019 година имплементираше 14 проекти во вредност од 62.053.162 денари, исто толку (14 проекти) во моментов се во фаза на реализација во вредност од 92.665.085 денари
Tweet |