Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јули 2011
Вардарскиот плански регион во партнерство со детските градинки од Повардарието, заеднички ќе набавуваат предмети за учење на децата и развој на нивната моториката. Со овој проект преку игра и настава ќе се развива развојот на децата.
Заеднички ќе набавиме дрво-метал и сунѓереста опрема за спортски игри воедно и дидактички предмети кои се користат во наставата за решавање на зададени проблеми, децата да минат под нив, околу нив. Предвидено е да се обезбеди стручно лице кое ќе ги обучува вработените во градинките а потоа и родителите на децата за значењето за развојот на моториката со помош на овие предмети – вели Александар Бузалков директор на Вардарскиот Плански регион .
Со проектот кој е финансиран од Бирото за регионален развој, заеднички ќе се набават а ќе ги користат овие предмети и средства детските градинки од Велес, Свети Николе, Кавадарци,Неготино, Демир Капија.
Tweet |