речник контакт

Ватерполо, одбојка или ракомет

Малку требаше двата првенствени натпревари во женска конкуренција од најквалитетните македонски лиги, ракомет и одбојка, викендов кои се играа во Велес да не се одржат.

Петар Печков

Малку требаше двата првенствени натпревари во женска конкуренција од најквалитетните македонски лиги, ракомет и одбојка, викендов кои се играа во Велес да не се одржат.

Причина е протекувањето на кровот во спортската сала на ОУ Блаже Конески. Обилните врнежи придонесоа паркетот да биде поплавен поради што средбите помеќу Леов Бартек и Ѓорче Петров од супер ракометната лига, како и помеѓу Форшпед и Љуботен во одбојкарска конкуренција, во последен момент се префрлија и се одиграа во салата „25 мај“ и салата на ОУ „Благој Кирков“. Спортистите бараат помош од локалните власти во решавање на овој проблем кој се јавува при врнежи и присутен е со години.

- Дадовме налог на општинската администрација да изврши анализа на кровот, по што ќе знаеме за какво оштетување станува збор и колку средства ќе бидат потребни за санација. Потоа ќе бараме средства  или од локалниот Буџет или ќе побараме помош од државата, надлежните министерства, за да го решиме проблемот – изјави Славчо Чадиев претседател на Советот на општина Велес. Во спортската сала на ОУ Блаже Конески освен женските екипи на Леов Бартек и Форшпед, натпреварите ги игра и машката одбојкарска екипа на Борец.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »