речник контакт

Вашингтон „најцрното име“ во Америка

Името на Џорџ Вашингтон е неодвоиво од Америка, и тоа не само од историјата на нацијата. Името се идентификува со безброј улици, згради, планини, мостови, споменици, градови - и луѓе.

Петар Печков

Заради некаков загадочен пресврт, повеќето од тие луѓе се црни. На пописот во САД во 2000, избројани се 163,036 луѓе со презимето Вашингтон. Девеесет проценти од нив се афроамериканци, далеку највисок црн процент отколку со било кое друго обично име.

Приказната за тоа како Вашингтон стана „најцрното име“ почнува со ропството и зема остар пресврт по Граѓанската војна, кога на сите црни луѓе им беше дозволено достоинство со користење на презиме.

Дури и пред еманципацијата, многу црни луѓе ослободени од ропство си одбрале свое презиме за да го остварат својот идентиет. По ова, тероретизираат некои историчари, голем број црни луѓе во процесот на спроведување на нивната слобода го одбрале името Вашингтон.

Денес има црни „Вашингтоновци“, како што е и овој писател, кои од луѓе кои никогаш и не ги сретнале се често идентифкувани како афроамериканци. Има бели „Вашингтоновци“, кои се често погрешно идентификувани и кои почувствувале некаква дискриминација.  Има „Вашингтоновци“ од двете раси кои гледаат на името како специјален - па дури и комплициран - подарок.

А останува и присуството на Џорџ, роден пред 279 години на 22 фебруари, чиј комплексен однос со ропството денес одекнува во црнината на неговото име.

Прадедо му на Џорџ Вашингтон, Џон, пристигнал во Вирџинија од Англија во 1656 година. Џон се оженил со ќерка на богат човек и од него добил повеќе од 2000 хектари земја, стои во новата биографија „Вашингтон: Живот“ од Рон Чернов.

Подоцна, покрај земјата Џорџ наследил и 10 луѓе од неговиот татко. Добил и уште повеќе по женидбата со богата вдовица и купил уште слободни црнци да работат на земјата која тој ја обожавал. Но низ децениите, како што ја сфатил контрадикторноста на ропството со слободата на новата нација, Вашингтон созреал противејќи се на човековото врзување во пранги.

Сепак „ропството беше основата на неговото богатство“ и тој никогаш не би се одделил од неговите робови, изјави Чернов во едно интервју.

Вашингтон не беше лош робосопственик по стандардите на тоа време. Тој им обезбедувал добра храна и медицинска грижа. Ги признавал нивните бракови и одбивал одвоено да продава членови на семејства. Подоцна во животот тој одлучил никогаш повеќе да не купи ниту еден црн човек.

Но, тој исто така ги терал робовите да му работат напорно и под тешки услови. Како претседател, тој ги превезувал помеѓу неговиот дом во Филаделфија и имотот во Вирџинија за да го избегне законот кој бркал секој роб кој престојува во Пенсилванија повеќе од шест месеци.

Додека била во Филаделфија, Уи Џаџ, слугинката на Марта Вашингтон, се преселила во градот и сретнала многу слободни црнци. Кога еден ден разбрала дека Марта планира да ја подари Џаџ на нејзината болна внука, таа исчезнала.

Според книгата на Чернов, Вашингтон ги злоупотребил неговите претседателски овластувања и побарал од министерството за финансии да ја киднапираат Џаџ од нејзиниот нов живот во Њу Хемшир. Овој заговор бил несупешен.

Вашингтон водел шизоиден живот, рече Чернов во интервјуто. - Во теорија и на хартија, тој беше противник на робувањето, но тој сеуште љубоморно ги следеше и бараше за да ги врати робовите кои му избегале.

Во последната година на неговата плантажа на Маунт Вернон, Вашингтон рече дека „ништо друго освен искоренувањето на ропството не може да го забрза одржувањето на нашата унија“.

Ова водеше кон исклучителни инструкции по неговата воља дека по смрта на неговата жена сите 124 робови треба да бидат ослободени. Единствен исклучок беше робот кој беше покрај него за време на сета Револуционерна војна - тој беше веднаш ослободен. Вашингтон нареди и младите црни луѓе да бидат образувани или приучени да тргуваат, а обезбеди и фонд за грижа на болни и стари лица.

Ова е човек кој патувал во недостигливи растојанија, рече Чернов.Во споредба со другите татковци-основачи на нацијата, Чернов рече дека Вашингтон покажал „дека имал визија за идното дворасно општество“. Дванаесет американски претседатели биле робосопственици додека биле на оваа позиција, но Вашингтон бил единствениот кој сите ги ослободил.

Мит е дека повеќето ослободени робови го земале презимето од нивниот сопственик. На пример, само неколкумина од стотиците робови на Џорџ Вашингтон го сториле тоа, а тој ги запишал повеќето како да имаат само лично име, вели Мери Томсон, историчар од Монт Вернон. Сепак, историчарот Хенри Винцек вели дека многу ослободени робови имале презиме кое не било заведено или било држено во тајност. Тој вели и дека некои бирале имиња како знак на идентитет во заедницата, и дека таа заедница можела да биде плантажа на актуелен и поранешен сопственик.
Имајте предвид дека по Граѓанската војна многумина од големите сопственици на плантажи продолжиле да бидат екстремно моќни фигури во нивните региони, па затоа предност по ослобдувањето на некој човек била задржување на врската со водечката бела фамилија, вели Винцек, авторот на „Американскиот несовршен Бог: Џорџ Вашингтон, неговите робови и создавањето на Америка“.

Понекогаш црните луѓе употребувале презиме на сопственикот на некој нивен постар познат роднина како начин да го одржат нивниот идентитет. Мелвин Патрик Илај, професор на Колеџот на Вилијам и Мери, кој ја проучува историјата на црните луѓе на југот, вели дека некои западни африкански култури високо ги почитувале селата на нивните претци, а нивен американски еквивалент биле плантажите каде нечии претци биле робови.

Презимињата исто така можеле да бидат и измислени. Букер Т. Вашингтон, еден од најславните црни луѓе од постропскиот период, всушност имал две презимиња. Тој бил дете кога еманципацијата го ослободила од плантажа во Вирџинија. По запишување во училиште, тој забележал дека другите деца имаат презимиња, а него единственото име по кое го викале било Букер.

Кога наставникот ме праша кое е моето цело име, мирно му реков Букер Вашингтон, напиша тој во својата биографија „Воздигнат од ропството“. Подоцна во животот открил дека мајка му по раѓањето го крстила Букер Талиаферо, па така го додал средното име Т.

Тој не навестува зошто името Вашингтон му се изродило од главата. Но за Џорџ Вашингтон, кој умрел 60-години претходно, во тоа време имал огромна слава и почит. Неговата воља било широко публикувана во форма на памфлет и било многу познато тоа дека ги ослободил неговите робови, вели Томсон.

Дали ослободените луѓе биле инспирирани од Вашингтон и во негова чест го земале неговот име, или пак барале некаква корист од таквата асоцијација? Дали најновоослободените луѓе го земале тоа име како знак на предаденост кон нивната земја?

Тоа не го знаеме, вели Винцек. Но, овие врски се пресилни за да се игнорираат.

Низ американската историја имало многу повеќе совесност и гордост помеѓу афроамериканците отколку што некои луѓе тоа им го признаваат. Тие имале многу силно чувстсво за политика и историја, вели Адам Гудхарт, професор на колеџот Вашингтон и автор на претстојната книга „1861: Будење со Граѓанската војна“.

Тие размислувале како можат да станат американци, вели Гудхарт.  Тоа што тие го прифаќале името на оваа личност кој бил несовршен херој, покажува дека имале извесно разбирање за оваа земја како несовршено место, несовршен експеримент, и воља да се прифати таа традиција на слободарство со сите нејзини контрадикторности.

Многу црни луѓе земале нови имиња по Револуционерната војна, по Граѓанската војна, и по движењето „Црна моќ“, вели Ира Берлин, професор по историја на Универзитетот на Мериленд која пишувала книги за историјата на афроамериканците.

 Имињата се основниот нашин како размислуваме за себеси, вели Берлин. - Кога и да имаме ваков момент на еманципација, одеднаш луѓето повторно се откриваат себеси, повторно се осмислуваат себеси, се воздигнувале себеси од минатото кога биле навредувани и злоупотребувани. Новите имиња биле еден од начините на кој го правеле тоа. Но, за црните луѓе кои го одбрале името Вашингтон, ретко е детално прецизно зошто го сториле тоа.

 Постои претпоставка дека презимето е врзано со Џорџ, вели Тони Бароус, експерт за црна генеалогија, кој вели дека 82 до 94 проценти од сите „Вашингтоновци“ заведени на пописите во 1880 и 1930 биле црни луѓе.

Нема директен доказ зошто е тоа така, вели тој. Сметам дека се работи за коинциденција. Коинциденција или не, денес бројките се еднакво високи. Презимето Вашингтон се наоѓа на 138 место на листата од 1000 најчести имиња во Америка, која по пописот од 2000 година ја издаде Бирото за попис заедно со податоците за етничките групи. Овој проект не се повтори во 2010.

Девеесет проценти од тие „Вашингтоновци“, или 146.520 биле црни луѓе. Само пет проценти или 8.813 биле бели луѓе. Три проценти биле од две или повеќе раси, 1 процент биле хиспаноси, а 1 процент биле азијати или островјани од пацификот.

Џеферсон е второто „најцрно“ име, се појавува кај 75 проценти афроамериканци. Имало само 16.070 лица со презиме Линколн, од кои само 14 проценти биле црни луѓе.

Лица со презиме Џеферсон се 53 проценти црни луѓе. Вилијамс е 16-то „најцрно“ име, со 46 проценти. Но, вкупно имало 1.534.042 лица Вилијамс, вклучувајќи ги и 716,704 црни луѓе - значи имало повеќе црни луѓе со презиме Вилијамс отколку со било кое друго.

(Со име Блек имало 68 проценти бели луѓе, што значи дека има многу повеќе бели Блек отколку црни. Наспроти ова, со презиме Вајт има 19 проценти црни луѓе). Многумина денешни „вашингтоновци“ се изненадени кога ќе откријат дека нивното име не е 100 проценти црно.

 Додека растев, знаев дека само црни луѓе имаат исто презиме како моето, вели Шенон Вашингтон од Њујорк. Како и многумина други, и таа никогаш не сретнала бел човек со презиме Вашингтон. Таа нема негативни чувства за нејзиното презиме. Тоа е рефлекција до каде сме отишле во споредба со било што друго. Името најверојатно доаѓа од семејство робови на кои им било дозволено да си одберат име.

Како автор на реклами и настани, таа работи со многумина европејци кои често ја прашуваат како го добила нејзиното презиме. Таа планира да го задржи кога ќе се омажи. - Не баш дека го сакам многу, вели таа за нејзиното презиме. - Но, морам да го почитувам.

Маркус Вашингтон не размислувал многу за неговото презиме како еден од неколкуте црни луѓе кои работат во скоро целосно белата агенција за таленти Вилијам Морис. Но, тоа се променило кога во декември поднел тужба на 25 милони долари, обвинувајќи го Вилијам Морис за расна дискриминација.

- Сигурен сум дека за некои луѓе таму моето име предизвикуваше мисла дека сум афроамериканец, и автоматски беа наклонети против мене што резултираше со тоа што не ми беше дадена вистинската можност, вели тој.

Една студија од 2005 спроведена од истражувачи на Универзитетот во Чикаго откри дека апликациите за работа со имиња кои звучат „бело“ примиле 50 проценти повеќе повици за разговор отколку апликанти со „црни“ имиња.

Во истражувањето одговориле на вистински огласи за работа со повеќе од 5000 измислени резимеа. Половина од резимеата биле со имиња како Емили Волш, половина со имиња како Лакиша Вашингтон. По пресметувањето на разликите во квалитетот на резимеата, во студијата се заклучува дека „белите имиња поттикнале повеќе јавувања отколку осум години повеќе во работното искуство“.

Но, што е со оние 8.813 „бели Вашингтоновци“? Што е со нивното искуство? За семејството на 85-годишниот Лери Вашингтон, чии семејни корени влечат од Англија од 1700-ите, искуството се сменило низ годините. (Тој вели дека не е во сродство со Џорџ, кој немал деца).

Кога се преселил во Њу Џерси во 1962 за да се запише на колеџ, семејството на Лери Вашингтон барало куќа по огласи преку телефон, но ништо не било слободно. „Кога лично се појавивме, одеднаш имаше многу куќи“, се сеќава тој. По ова, тој ги научил шесте негови деца секогаш лично да се појавуват кога бараат нешто.

Низ годините, неговото име го направило чувствителен на расизам. Едноставно ги препознавам овие нешта, и имам целосна подршка за оние луѓе кои се навистина црни и кои добиваат вистински третман.

Неговиот син Пол, кој во 70-те привремено работел во некоја агенција на Лонг Ајленд во Њујорк, вели дека на службениците во агенцијата каде што добил работа им олеснало кога дознале дека е бел. Тој во 80-ите има искуство со дискриминација додека барал стан, но вели дека тоа повеќе не се случува.

Тој сега е професор по геологија кој живеел во десет држави, од Лујзиана до Пенсилванија. Понекогаш се прашува дали неговото презиме ќе му помогне ако се пријави некаде каде бараат ретки црни геолози, и дали ќе го повреди тоа ако откријат дека е бел.

Децата на Пол имаат поразлично искуство - неговата 25 годишна ќерка, професорка по англиски јазик која предава на странски студенти, и чии нови ученици се воодушевени од тоа да сретнат некого со „најпознатото американско презиме“. Кога братот на Пол, Лери помладиот, неодамна патувал во Јапонија, цариникот погледнал во пасошот и рекол: „О, господине Вашингтон!“.

 Неговата учтивост и безброј пати наклонувањето јасно укажа дека тој си помислил дека сум член на многу важно семејство, се сеќава Лери помладиот.

Неговата сестра Ида, ветеринар која живее во Сиетл вели дека како возрасна никогаш не почувствувала дискриминираност заради нејзиното презиме. Таа е мажена, но го употребува презимето Вашингтон како нејзинот професионално име.

Тоа е многу чувствително. Но го употребувам со извесна доза на гордост, вели таа. Додека студирала, била фасцинирана од историјата на црните луѓе. - Мислам дека моето име ме направи посвесна за она за што се бореле афроамериканците. Се чувствував како да сум поврзана со нив.

Можеби чувствата за нејзиното презиме заокружуваат нешто - од црните луѓе кој се поврзуваат со големиот „бел“ Вашингтон, до белец кој одбира име кое е поврзано со „црнештво“. Трогателно е тоа што ослободените црни луѓе сакале да се идентификуваат со американската традиција и американскиот сон, вели биографот Чернов. - Тоа создава силна оставштина.

 Мислам дека Џорџ Вашингтон би бил задоволен што толку многу црни луѓе го зеле неговото презиме, вели тој.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »