Петар Печков
Објавено: недела, 04 јануари 2015
Во Велес, 15-тина активисти од Здружението ,,Гласот на животните,, , најголемиот дел ученици и студенти, неуморно секојднево се борат за напуштените животни. Бројките покажуват дека во 2014-тата вдомени се 425 животни, вклучувајќи го магаренцето Ријана и јагнето Лаки, имаат излечено успешно 163 животни кои биле пронајдени во лоша или критична здравстена состојба,имаат одземено 32 животни од сопственици кои ги чивале во лоши и несоодветни услови.
Во странство се вдомени три кучиња Ото во Франција, Луна во Англија и Марфи во Косово. Организирани биле шест акции за вдомување и 4 хуманитарни акции.
Да кажеме и дадеме отчет за сите што донирале по наш повик, дека на сметката на здружението се донирани вкупно : 207998 денари од страна на 286 поддржувачи. Ја завршивме годината со долг од 33.000 денари , 2 животни сместени кај ветеринар, 97 животни во нашите домови, 3 кои се сремаат за пат во странство - велат од Здружението ,,Гласот на животните,,. и додаваат
,,Оваа година сите заедно променивме животи!!! Огромна благодарност до сите кои безрезервно не’ поддржуваат финансиски, споделуваат, вдомуваат, помагаат и менуваат животи заедно со нас,,
Tweet |