речник контакт

Вежба во Сујаклари, како да се постапи ако се појави чума кај малите преживари

Од земјите во регионот присутна е во Турција и во Бугарија

Петар Печков

Во околината на велешкото село Сујаклари, се одржа симулациска вежба  колку системот е доготвен  за да одговори на предизвикот за справување со болеста чума кај малите преживари (PPR) - овци, кози.  Тоа е вирусно заболување кое предизвикува големи економски загуби.

Болеста е застапена во Африка, Арапскиот полуостров, Блискиот исток, југозападна Азија и Индија. Од земјите во регионот присутна е во Турција и во Бугарија. На оваа вежба, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство,  се  реализираа теоретските и теренските активности  со  заразени животни,  во селото Сујаклари.

„На вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, се реализираа активностите кои треба да се преземат во случај на појава на болеста чума кај мали преживари“ изјави Анет Гомелвинд, експерт за планови за итни мерки од ЕУ. На симулациската вежба, учествуваа и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и експерти од Република Србија и Европската унија.

Болеста досега не била присутна во земјава, поради што во јуни 2020 година, земјава го доби статусот на слободна од чума кај малите преживари.  Вежбата се реализираше  со поддршка на проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“.

“Болестите кај животните не познаваат граници, а некои од нив претставуваат сериозна опасност и за луѓето. Симулациската вежба која ја реализираме е од исклучително голема важност, за нас како институција која треба да ја тестира сопствената подготвеност на системот за да одговори на предизвикот за справување со оваа болест. Делувајќи регионално, уште повеќе да ја унапредиме соработката и комуникацијата меѓу надлежните институции и ветеринарниот сектор при евентуална појава на болести кај животните“ - кажа Николче Бабовски директор на Агенција за храна и ветеринарство.

По извршените анализи за денешната вежба, доколку теренски се утврдат некои недоследности, ќе се добијат насоки за корекција и доработка, со цел, брзо и соодветно справување  со болеста.  

Покрај оваа, досега   се одржани уште две симулациски вежби, во  Црна Гора и  во Косово.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »