речник контакт

Вежба во стрелаштво на резервните офицери на стрелиштето во Долно Оризари

Се стрелаше од пушкомитралез 7,62 мм и ова е прва активност годинава, имаше 115 учесници од повеќе градови

Петар Печков

Денес на стрелиштето кај Долно Оризари беше организирана вежба во стрелање, организирана од Организацијата на резервни старешини. Присуствуваа 115 лица од повеќе  општински организации  на резевни офицери од  повеќе градови на Македонија.

Се стрелаше од пушкомитралез 7,62 мм и ова е прва активност годинава.  Домаќин беше Општинската Организацијата на резервни офицери на Република Македонија Велес чиј претседател е Зоран Пановски. 

Присутните  ги поздрави капетан во резерва Драгољуб Столевски, кој ја отвори и вежбовната активност.  Покровител на настанот беше Министерството за одбрана и Генералштабот на  АРМ, како и командата на гарнизонот  на АРМ   Алексо Демниевски Бауман во Велес.

Успешно реализираната активност заврши во кантината на велешка касарна, со ручек, традиционалното војничко гравче.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »