речник контакт

Велес со соочува со Балканскиот проблем на кучињата скитници

Решавањето на проблемот со кучињата скитници се покажа тежок во балканските земји

Петар Печков

Локалните власти прават се што е во рамките на Законот за да се заштита граѓаните од кучињата скитници. Но тие не можат да направат ништо надвор од тоа, бидејќи се соочуваат со проблеми од граѓанските здруженија, велат од општина Велес.
 

Од ветеринарната станица ги  уловиваат, ги кастрираат, вакцинираат и ги пуштаат кучињата. Во стационар не можеме да ги чуваме повеќе од 30 дена. За жал кај граѓаните нема навика на вдомување на кучињата скитници. Така тие извршуваат на улица.  Се што правиме е во рамките на законските можности – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес.  Единствено се усмртуват болните и немоќни кучиња.Овој проблем со голем број кучиња скитници е присутен на Балканот.


Грозоморното распарчување до смрт на постар човек во Бугарија, предизвика повторна загриженост во врска со глутниците диви кучиња кои честопати скитаат во Југоисточна Европа, и покрај напорите на земјите за ставање на глутниците под контрола.
Иако повеќето од нив се пријателски настроени и безопасни, повремените насилни инциденти со уличните кучиња, го ставија проблемот на преден план, поттикнувајќи широка јавна дебата.

Ботио Тачков (88), кој емигрирал во Соединетите Држави во раните 1960-ти години и се вратил во Бугарија неколку децении подоцна, да ги помине последните години од својот живот во својата татковина, почина на 8-ми април од откажување на повеќе органи, откако беше распарчен од глутница кучиња во Софија.

Тачков беше поранешен професор на Универзитетот Колумбија и, исто така, имаше успешна кариера на Вол стрит и работеше за американскиот Стејт департмент.
Неговата смрт предизвика огромна лутина во јавноста и широки критики дека властите не успеваат да се справат со долготрајниот проблем на сé поголем број кучиња скитници во Софија, чиј број се верува дека изнесува 10.000. Некои дури и повикаа на брзи, радикални решенија, вклучително и масовно истребување на заскитаните кучиња.

Слични напори има и во Романија, каде што една жена почина минатата година откако беше распарчена од улични кучиња. Парламентот усвои закон на крајот од 2011 година, кој ќе им овозможеше на властите да убијат илјадници кучиња скитници, но законот беше веднаш оспорен од невладини организации и на крајот беше отфрлен од Уставниот суд.

„Виновни се луѓето, а не животните“, рече за SETimes Зорница Захариева. Захариева работи во сметководствена фирма во Софија и е сопственик на лабрадор ретривер.
Според бугарскиот Закон за заштита на животните, софиското општинско претпријатие Екоравновесие (Екорамнотежа) и организациите за заштита на животните мора да ги сместат кучињата скитници во засолништа, каде што мора да се кастрираат, да се третираат за паразити и да се вакцинираат против беснило. Оние што нема да бидат присвоени мора да бидат обележани и сместени во специјални условни засолништа или вратени каде што биле уловени. На многу болните и агресивни кучиња им се прави еутаназија.

Слична програма „фати, кастрирај и ослободи“ се спроведува и во Грција. Но, како и во Бугарија, постојните засолништа немаат капацитет да ги примат сите кучиња скитници. Рацете на грчките власти се уште повеќе врзани поради финансиските ограничувања наметнати врз државата поради нејзината должничка криза.
Според Василис Папантониу, кој е задолжен за општинското засолниште за кучиња во Рафина, источна Атика, бројот на напуштени кучиња во областа е двојно зголемен на крајот од летото секоја година. Повеќето се од ловџиска раса.

„Многу од овие животни не можат да се вратат на улиците бидејќи биле припитомени и едноставно нема да преживеат“, рече Папантониу за SETimes.
Марк Џонс, директор на британската канцеларија на Хјуман сосајати интернешнал (ХСИ), која работи на програми за кучињата скитници во Азија и Латинска Америка, вели дека засолништата, кои се пополнуваат прилично брзо, може да бидат дел од решението, ако се добро управувани.
Секое решение мора да се заснова на јасното разбирање на вистинскиот опсег и причините на проблемот и да биде адаптирано на конкретната ситуација, рече тој.

„Морате да утврдите од каде доаѓаат кучињата и зошто воопшто имате толку многу улични кучиња“, рече за SETimes Џонс, кој е исто така ветеринар.
Слабост е недостатокот на правна одредба за задолжително кастрирање на кучињата миленичиња, како и „неефикасната“ програма
“ за кастрирање на кучињата скитници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »