Петар Печков
Објавено: петок, 07 август 2026
Во периодот 2018/19 -2025/2026 Велес е рекордер од поголемите македонски градови за процентуалното намалување на бројот на ученици, првоодделенци.
Според Државниот завод за статистика Велес е лидер со 26,7% или во апсолутни бројки од 561 првооделенец пред седум години, паднал на 411 лани. Веднаш за Велес се Прилеп 24,6, Куманово 23,3, Гостивар 19,8 и Битола со 19,2%.
Во помалите општини бројките се над 50 отсто – Ново село 72%, Пласница 63,5, Дојран 59, Новаци, Конче, Берово, Зрновци, Кривогаштани, Ростуше Маврово... но таму бројот на ученици е двоцифен.
Статистиката покажува дека бројот на првачиња во Македонија се намалува секоја година, во изминатите седум години е намален за 4200 деца. Во учебната 2018/2019 биле запишани над 22.100 првачиња, а минатата 2025/2026 година се запишале 17.921, што е намалување од 19 отсто.
Во Велес состојбата е следна:
Во учебата 2000/2001 имало 6.947 основци а во 2025/2026 биле 4.172.
Во процесот на средно образвоание во 2017/2018 биле 2.191 ученика а во 2025/2025 нивниот број е 2.093 ученици.
Во ПОУ Маца Овчарова во 2018/2019 биле запишани 55 ученика а во учебната 2025/2026 бројот е 47.
Во академската 2025/26 година на факултетите, приватни-државни, запишани биле 1.213 студенти со место на живеење општина Велес, Градско 46, Лозово 30, Чашка 72. Во 2025 дипломирале 201 студент со адреса на живеење општина Велес.
фото архива ТрМр
| Tweet |




