речник контакт

Велес тивко умира

Показателите за прирастот и одливот на жителите од општината, последните години се поразителни. Мал прираст за три години од само 59 лица а од градот се иселиле 120 лица. Или Велес е во минус 61. Сличен тренд има и крајот на 2012-та година.Велешани малку се разведуваат

Петар Печков

 Анализирајќи ги податоците на Државниот Завод за статистика за населението во општина Велес, се доаѓа до поразителни податоци за достапните последни три години, 2009-та, 2010-та и 2011-тата.

 Во 2011  се родени  570  бебиња  а починати 582  лица . Во истата година има склучени    бракови 336 а  разводи 24. Во ова година во Велес се доселени 202  лица, најмногу се  128  жени поради брак. Лицата кои дошле да живеат во градот,   најмногу се на возраст од 15  до 29 години 103. Етничка структура на доселените доминираат  Македонци 104. Во оваа година отселени 232 лица , најмногу  146 жени поради брак. Отселените   најчесто  105 се на возраст  од 15 до 29 години. Се отселуваат Македонци 124.

Во 2010   се  родени 632 бебиња а се починати 563 лица. Регистрирани се     358 бракови и  разводи 32. Во  Велес се  доселени  174  лица, најмногу жени поради брак 112. Од доселените лица најмногу се Македонци 79 а најмногу од дојдените се на возраст од 15 до 29 години. Во оваа година отселени 212 лица , од нив  137 жени поради брак. Отселените се најмногу  возраст   од 15 до 29 точно 100 и доминираат отселени 122 Македонци. Статистиката за ова година е многу прецизна, дека од рекордните 802 бебиња во Општата  Болница,  од велешко биле 632, останатите 170 биле до други општини.

Во 2009  се   родени 614 бебиња   умрени 612 лица. Има склопено    371 браков и  разводи 14. Во Велес се доселени 207 лица,  од кои  поради брак се 118 жени. Доселените во најголем брои случаи се  на возраст од 30 до 64 години, 80 лица а се доселуваат  најчесто  Македонци 112 лица.  Отселени  се 259 граѓани  од кои  158 жени поради брак.  106  од отселените се на возраст  од 15  до 29 години а доминантни се  Македонците со 160 лица.

Во третото тромесечје од 2012 е слична ситуацијата има родено 142 бебиња а починати се 145 лица. Има склучено 117 брака и 9 разводи.

Државниот Завод за статистика ги нуди и податоците за 2008-,а, 2007-ма 2006-та, и 2005-та но тие се  само на родени и починати, ги нема за доселените и отселени од градот.

Состојбата е следна:
2005-та родени 691, починати 603, бракови 381 разводи 36
2006-та родени 715, починати 559, бракови 348 разводи 21
2007-ма родени 613, починати 560, бракови 303 разводи 32
2008-ма родени 614, починати 594, бракови 370, разводи 29

Со Попис  од 2002 општина Велес броела  55.108 население. 
При ова анализа користени се податоците од Државниот Завод за статистика

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »