Петар Печков
Објавено: четврток, 22 декември 2011
Повеќе од четири и пол часа е во застој сообраќајот на магистралниот пат Велес – Штип. Километарски колони автомобили, камиони, автобуси со стотици патници се заробени во двата правци, и кон Овче Поле и на приодот од Велес.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи од Велес, причина се големите наноси на снег кои ги има помеѓу Велес и селотп Лозово. Истите неколку часа ги чистат екипи на ЈП Македонија Пат . Патниците во колоната се нервозни и уплашени, бидејќи одамна падна темнина а тие немаат информација што се случува.
Стоиме со саати во колона, ни напред ни назад. Нема никој да ни каже што се случува. Само ќе мине некоја полициска кола, мина и брза помош со ротационо светло и се врати. До кога ќе бидеме тука, не е познато иако сакаме што поскоро да бидеме дома. Во автомобилите на луѓето им студи, бидејќи не може моторот толку време да работи – вели патник кој беше во колоната во автобус, а со кого стапивме во телефонски контакт. Од Велешката автобуска станица информираа дека автобус од правец на Штип кај нив не влегол од 16,30 часот.
Tweet |