Петар Печков
Објавено: петок, 28 април 2006
Советот на Општина Велес донесе одлука таа да се прогласи за прва слободна зона од Генетски Модифицирани Организми(ГМО). Со ова се забранува внесување, одгледување, продавање и производство на било какво растение, храна или животно со ГМО. Истата е донесена по иницијатива на ЕД Вила Зора и Центарот за поддршка на НВО секторот. Причина поради која се донесе оваа одлука е сериозната закана по животот и здравјето на луѓето и природата од ГМ организите кои предизвикуват стерилност на почвата и уништуват дел од биодиверзитетот. Екологистите сметаат дека со оваа одлука ќе ги заштити граѓаните од недекларирана и опасна храна по нивното здравје. Велес е прва општина на Балканот која се прогласи за слободна зона од ГМ организмите.
Tweet |