Петар Печков
Објавено: четврток, 17 ноември 2011
Сабота и недела Велес ќе биде во знакот на пастрмајлијата, гордоста на градот. Ќе се одржи 8-та манифестација ,,Велешка пастрамајлија,, на која има пријавено 25 учесници, ресторани и винарници. Таа втора година по ред ќе биде на отворено, од плоштад Сармаале од споменикот ,,Илинденци,, .
Сабота манифестацијата започнува во 11 часот ќе биде отворена до полноќ а в недела од 11 до 18 часот. За забава на гостите ќе има и многу музика. Освен велешките музичари ќе настапат и Наум Петрески, Зуица Лазова, Ани Малинкова, Мики Секуловски и неговите колеги Идоли, кои ќе пеат на платото од пред Основниот суд во Велес. Ќе се организираат и наградни забавни игри, најбргу пиење вино, најбрзо јадење пита.
В четврток и петок навечер пак се организира Божуле, запивање на младото вино. Тоа во велешките ресторани и кафетерии ќе се нуди по промотивни цени. Манифестацијата ќе има хуманитарен карактер, со повеќе штандови на Црвениот крст, каде сите присутни ќе можат да донираат пари според нивните можности.
Tweet |