Аница Солева
Објавено: петок, 11 август 2006
Првата клапа од снимањето на новиот филм на Теона Митевска, насловен „Јас сум од Титов Велес“ ќе падне на 22 август во Велес. За почетокот се закажани сетови на поедноставни сцени, а снимањето ќе трае вкупно 40 дена. Во овој авторски проект (трет по краткометражниот „Вета“ и „Како убив светец“) на Митевска, главните улоги се доверени на Ана Костовска, Николина Кујача и Лабина Митевска, а машките ликови ќе ги играат Петар Мусевски од Словенија, Џевдет Јашари и Јовица Михајловски. Ќе играат и Митко Апостоловски, Јордан Витанов, Петар Горко, Јадранка Тодоровска, Горан Илиќ, Кети Илиќ и други. Директорката на фотографија Виржин Сен Мартин од Белгија пристигнува денеска во Македонија. Во нејзиното портфолио се впишани 30 значајни филма од европската продукција.
- Подготовките течат одлично што ни најавува среќен почеток на снимањето. Овој филм го поддржаа релевантни фондови и одговорноста како и задоволството за работа ни е големо. Целата екипа гледа ентузијастички и професионално на филмот. Кастингот е компактен и е направен од талентирани и професионални актери. Некои од нив не се доволно експонирани на филмското платно, а имаат голем потенцијал што ќе се види во овој филм, ни рече Лабина Митевска, која се јавува и како актерка и како продуцентка.
Ќе се снима во велешката топилница и во фабриката „Керамика-нова“, а како екстериери ќе послужат повеќе места во градот.
Агент за продажба на филмот е една од најголемите агенции од Европа, „Баварија филм“ од Германија.
Приказната на „Јас сум од Титов Велес“ зборува за три сестри од Велес што живеат во хаосот на постсоцијалистичката транзиција. Трите сестри се обидуваат да преживеат, иако не се доволно подготвени за суровоста што ги чека. Неолибералната транзиција им ги има отворено вратите на новите богаташи, кои веруваат дека се\' има своја цена. Славица, најстарата сестра, е веќе девет години на метадонска терапија. Таа е во очајничка потрага по сопруг што би ја одвлекол од мизеријата. Сафо е прагматична, подготвена на се\' за да стигне до посакуваната цел, додека Афродита има најмалку време за себе. Приказната се следи низ очите на Афродита.
Во вкупниот буџет од 1.300.000 евра учествува францускиот филмски фонд „Суд“ со 130.000 евра, а Европскиот филмски фонд „Еуроимаж“ со 220.000 евра. Министерството за култура учествува со 30 отсто (400.000 евра), Филмскиот фонд на Словенија со 150.000, регионалните фондови со 150.000 евра. Премиерата се очекува да биде идната година.
Извор: Дневник

Tweet |