Петар Печков
Објавено: петок, 25 февруари 2011
Поради расипаните безбедносни рампи и воз кој заглави среде град, Велес овој петок беше неколку часа во сообраќаен колапс. Според претставници на ЈП МЖ инфраструктура причина бил испад на блок системот па од 7 до 14 часот, безбедносните железнички рампи не функционираа, и железничкиот сообраќај се одвиваше со минимална брзина на возовите од сигурносни причини. Тоа создаде големи сообраќајни колони на двата главни премини, мостовите Гемиџии и Стар мост.
Околу 11 часот еден од товараните возови кои сообраќаше, застана среде град и не можел да повлече, поради што композицијата блокираше два железнички премина. Тоа уште повеќе ја зголеми тензијата меѓу возачите, кои чекаа половина час сообраќајот да се одблокира и да се воспостави комуникација помеѓу левата и десната страна од градот.
Состојбата со сообраќајот во Велес се нормализираше околу 14 часот, кога беа поправени безбедносните железнички системи.
Tweet |