речник контакт

Велес втор во земјава според бројот на ново заразени

Починат е апциент на 53 годишна возраст

Петар Печков

Висок број на ново заразени регистираше Министерството за здравство, во велешко изминатите 24 часа. Има 81 лице кои се позитивни на ковид-19 тестирањата а оздравени се 28. Со овие бројки Велес е втор во земјаваа според бројот на ново регистирани позитивни случаи, после Скопје. Или активни се 850 слуачи во велешко а досега се заразени 4.935 лица. Повeќе случаи  годинава  има регистирано на 1-ви април, 82 лица. 

„Починат е маж на 53 годишна возраст од село Мартолци, позитивен лекуван еден ден во Модуларната болница. Вчера попладнето еден пациент маж на 54 годишна возраст  е  транспортиран за Скопје, во приватна  Болница  Жан Митрев. На кислородна поддршка се 46 пациенти.Испишани  се шест  пациенти како оздравени   со по еден  негативен тест“ – соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. Досега во велешко починале 148 лица, од последиците на ковид-19. 

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 101 пациент,  од кои 88 се потврдени позитивни, пет се  сомнителни  и осум  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се сместени   44 на Физикална шест,н а Интерно десет и во  Модуларна болница 41 пациент.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »